Новости и Соопштенија

Известување за гостување на д-р Сем Вакнин во рамките на МИТ Факултет за психологија

 
 
Picture of Невена Цонева
Известување за гостување на д-р Сем Вакнин во рамките на МИТ Факултет за психологија
by Невена Цонева - Friday, 19 September 2014, 8:06 PM
 
Почитувани,

МИТ Факултет за психологија кон средината на октомври ќе организира предавање на водечкиот светски експерт за нарцисизам, д-р Сем Вакнин, авторот на култната книга „Malignant Self-love“ (Narcissists, Psychopaths, and Abusive Relationships). Датумот и времето ќе бидат дополнително соопштени. Поканети се сите студенти на МИТ Универзитет, а на редовните и вонредните студенти на Факултетот за психологија им се препорачува задолжително присуство. Предавањето ќе биде на англиски јазик, со симултан превод на македонски јазик.
За сите поподробни информации (за форматот на прашањата кои треба да бидат претходно писмено доставени, електронска верзија на некои негови дела итн.) обратете се кај организаторот на предавањето, доц д-р Тони Науновски - toni.naunovski@mit.edu.mk

Со почит,
МИТ Факултет за психологија