Новости и Соопштенија

Известување за студентите од МИТ Факултет за архитектура

 
 
Слика од Admin User
Известување за студентите од МИТ Факултет за архитектура
од Admin User - понеделник, март 17 2014, 10:19
 
Почитувани студенти од факултетот по Архитектура на МИТ Универзитет

ДГТ Жикол во соработка со Центарот за квалитет и развој на кариера на МИТ Универзитетот и Факултетот по Архитектура организираат предавање наменето за студентите од факултетот по архитектура на МИТ Универзитетот.

Тема на предавањето: Пасивни објекти. Пасивни градби – И кај нас се може

Практично објаснување на дадените проблеми со кој ДГТ Жикол се судрил при изведбата на единствениот пасивен објект во Р.Македонија и регионот (под проблеми се подразбира текот на изведба и како се решавани дадени моменти кои се појавиле при самата изведба).
Презентирање на комплексноста при изведбата на пасивниот објект.

Ве очекуваме во среда, 19.03.2014 од 14:00 во Амфитеатарот на МИТ Универзитет.

Центар за квалитет и развој на кариера
МИТ Универзитет