Новости и Соопштенија

Центар за квалитет и развој на кариери

 
 
Admin User 'ın resmi
Центар за квалитет и развој на кариери
yazan Admin User - 24 Nisan 2013, Çarşamba, 10:47
 

Почитувани студенти,


Ве известуваме дека започна со работа Центарот за квалитет и развој на кариери при МИТ Универзитет.

Активностите поврзани со професионалната ориентација на студентите од МИТ Универзитет се координираат од страна на Центарот за квалитет и развој на кариери.

Центарот за квалитет и развој на кариери одржува контакт со работодавци, институции, индустриски структури и невладини организации кои испраќаат стажантски, работни позиции и други предлози за студенти (стипендии, натпревари, обуки).

Центарот спроведува истражување на пазарот на трудот заради утврдување на моментално најбараните квалификации и вештини од страна на работодавачите.

За студентите на МИТ Универзитет се обезбедуваат информации и совети во врска со:

  • избор на кариера - истражување на личноста карактеристики, ставови, способности и интереси; одредување на соодветни области за успешна професионална реализација.
  • планирање на кариерата - утврдување на цели за кариера; одредување на потребните професионални значајни социјални компетенции.
  • формирање на професионално значајни социјални компетенции - индивидуално (консултации во канцеларијата на ЦКРК) и обука во групи.
  • можности за практична реализација (во форма на искуство и работа) во работодателски организации активни на македонскиот пазар.
  • настани поврзани со професионалната ориентација и реализација - семинари, конференции и форуми.

Посетете го Центарот во просториите на МИТ Универзитет или контактирајте на e-mail адресата: career@mit.edu.mk


Центарот за квалитет и развој на кариери

МИТ Универзитет