Новости и Соопштенија

Известување за одржување на обуки во Центарот за квалитет и развој на кариери при МИТ Универзитет

 
 
Слика од Admin User
Известување за одржување на обуки во Центарот за квалитет и развој на кариери при МИТ Универзитет
од Admin User - среда, април 24 2013, 10:48
 

Почитувани студенти,


Центарот за квалитет и развој на кариера при МИТ Универзитет, ве известува дека во понеделник, 29 Април 2013 година, во амфитеатарот на МИТ Универзитет, со почеток во 12.00 часот, ќе започнат обуките кои ќе бидат организирани во соработка со Тренк Валдер – Агенција за кадровски услуги. Со тоа ќе отпочне циклусот на обуки кои Центарот за квалитет и развој на кариера ќе ги организира за да им помогне на нашите студенти во нивната понатамошна професионална реализација. Се надеваме дека со оваа активност, ќе бидат збогатени вашите персонални вештини.


Со почит,

Центар за квалитет и развој на кариери

МИТ Универзитет