Новости и Соопштенија

Известување за заверка и запишување на семестар

 
 
Picture of Admin User
Известување за заверка и запишување на семестар
by Admin User - Monday, 4 February 2013, 11:33 AM
 
Почитувани студенти,

Се известуваат сите редовни и вонредни студенти дека заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар за академската 2012/2013 година ќе се врши во периодот од 05.02. - 11.02.2013 година во студентска служба.

Сите редовни студенти треба да приложат индекс со собрани потписи за редовност на настава за изминатиот семестар, уплатница за извршена уплата на школарина и пополнет семестрален лист кој се подигнува во студентската служба.
Сите вонредни студенти треба да приложат уплатница за извршена уплата на школарина и пополнет семестрален лист кој се подигнува во студентската служба.

Студентска служба
МИТ Универзитет