Новости и Соопштенија

Известување за одржување на едукативен форум

 
 
Слика од Admin User
Известување за одржување на едукативен форум
од Admin User - среда, ноември 28 2012, 10:49
 
Почитувани,

Ве известуваме дека Ротаракт клуб Скопје во соработка со МИТ Универзитет - Скопје организира Едукативниот форум со наслов "Етничкиот соживот во образованието: Реалност и Перспективи" кој ќе се одржи во амфитеатарот на МИТ Универзитет – Скопје во 16:30 часот.

Агенда:

1. Проф. д-р Соња Ризоска Јовановска – професор на МИТ Универзитет, атрополог, етнолог, социолог, културолог, автор и режисер на документарни филмови
Тема: "Етничкиот соживот во Р. Македонија, мултикултурализам – реалност или илузија" (спот од културната манифестација проект на Проф. д-р Соња Ризоска Јовановска)
2. "НАНСЕН Дијалог Центар" - Невладина организација, предавач од Центарот
Тема: "Интегрирано образование – придонесуваме за надминување на
различностите"

Целта на оваа акција е да посочи дека иднината на македонското општество е во младите генерации. Потребно е да се надминат предизвиците и да се почувствуваат придобивките од можноста да се живее заедно во земја која што е богата со различности. Сето тоа треба да се прифати и да се чекори напред. Р. Македонија е земја со долга традиција на етничка толеранција и соживот, кои траат со векови
наназад. Потребно е да помогнеме во изградбата на добра иднина за младите генерации преку почитување и промовирање на културните различности во рамките на образовниот процес.

Ве очекуваме