Почитувани,
Студентска служба
МИТ Универзитет
Се известуваат сите студенти (редовни и вонредни) дека се должни да извршат упис на наредна академска година. Уписот ќе се врши од 20.09. до 25.09.2012 година, а потребни документи се:
- ШВ 20 образец, кој се подигнува од службата за студентски прашања;
- За редовни студенти: Дневник за практична настава заверен од институција-партнер и Декан;
- За вонредни студенти: копија од М-1 и М-2 образец и потврда за работа;
- Уплатница за упис на година од 1100 денари.
Се молат оние студенти кои ја немаат платено првата рата од школарината да го сторат тоа во најкус можен рок. Во спротивно нема да бидат во можност да запишат година и ќе сносат дополнителни финансиски импликации.
Студентска служба
МИТ Универзитет