Новости и Соопштенија

Известување за запишување на зимски семестар за академската 2012/2013 година

 
 
Слика од Admin User
Известување за запишување на зимски семестар за академската 2012/2013 година
од Admin User - понеделник, 17 септември 2012, 14:54
 
Почитувани,

Се известуваат сите студенти (редовни и вонредни) дека се должни да извршат упис на наредна академска година. Уписот ќе се врши од 20.09. до 25.09.2012 година, а потребни документи се:
  • ШВ 20 образец, кој се подигнува од службата за студентски прашања;
  • За редовни студенти: Дневник за практична настава заверен од институција-партнер и Декан;
  • За вонредни студенти: копија од М-1 и М-2 образец и потврда за работа;
  • Уплатница за упис на година од 1100 денари.
Напомена:
Се молат оние студенти кои ја немаат платено првата рата од школарината да го сторат тоа во најкус можен рок. Во спротивно нема да бидат во можност да запишат година и ќе сносат дополнителни финансиски импликации.


Студентска служба
МИТ Универзитет