Новости и Соопштенија

Одржување на работилница „Мотивирај се за твојата кариера“

 
 
Слика од Невена Цонева
Одржување на работилница „Мотивирај се за твојата кариера“
од Невена Цонева - вторник, април 10 2012, 10:18
 
На ден 20.04.2012 година (петок), со почеток во 10:00 часот во Свечениот амфитеатар на МИТ Универзитет Скопје, ќе се одржи работилница на тема „ Мотивирај се за твојата кариера“.
Содржина на работилницата:
 Како успешно да се претставите пред Вашиот иден работодавец
 Утврдување на најважните чекори за пополнување на CV
 Видови на CV кои што се користат и се барани од страна на работодавците во Р. Македонија,
 Презентација на CV - Еуропас, Европски модел на CV
 Мотивационото писмо - структура и форми
 Првиот и најбитен впечаток за време на интервју

Работилницата ќе се одржи од страна на асс. М-р Сања Николиќ и асс. М-р Катерина Вељановска.
Се покануваат сите студенти при МИТ Универзитет Скопје, да присуствуваат на оваа работилница, со цел запознавање со „тајните“ за успешно претставување пред своите работодавци и да се подготват за својата успешна кариера.

Со почит,

Асс. М-р Сања Николиќ
Асс. М-р Катерина Вељановска