Новости и Соопштенија

Известување за одржување на конференција на МИТ Универзитет

 
 
Picture of Невена Цонева
Известување за одржување на конференција на МИТ Универзитет
by Невена Цонева - Tuesday, 10 April 2012, 10:07 AM
 
На ден 19.04.2012 година (четврток), со почеток во 12:00 часот во Свечениот амфитеатар на МИТ Универзитет Скопје, ќе се одржи Конференција на тема:
„Безбедносните предизвици за Р. Македонија и потребата за членство во ЕУ, низ призмата на Лисабонскиот договор“

Имаме чест да објавиме дека главен излагач ќе биде претставник на дипломатскиот кор во Р. Македонија Н.Е. д-р Роберт Кирнаг, Амбасадор на Р. Словачка во Р. Македонија, воедно и еден од креаторите на Лисабонскиот договор.
Конференцијата ќе се одржи на македонски јазик.
Се покануваат сите студенти при МИТ Универзитет Скопје, да присуствуваат на оваа конференција, со цел запознавање со реалната состојба на Р. Македонија, предизвиците со кои се соочува при влезот во ЕУ, наспроти потребите кои ги наложува Лисабонскиот договор.

Со почит,

Доц. д-р Оливер Андонов
Асс, м-р Катерина Вељановска