Новости и Соопштенија

Најава за работилница

 
 
Слика од Admin User
Најава за работилница
од Admin User - понеделник, март 19 2012, 12:18
 
Почитувани,

На ден 21.03.2012 година (среда) со почеток од 13:00ч - 15:00ч, во амфитеатарот на МИТ Универзитет Скопје, ќе се одржи работилница на тема:

Насилство врз жени на работно место (Психичко вознемирување и сексуално вознемирување).

Работилницата ќе се одржи од страна на „Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија’’ – ЕСЕ

Работилницата е наменета за студентите при „МИТ Универзитет“ Скопје, Факултет за Безбедност и Финансиска Контрола (I, II и III година).

Цел на работилницата: Практично, преку резултати од спроведено истражување, да се изврши увид на општествено релевантни проблематики, во согласност со македонската регулатива и низ призмата на социјалниот живот во македонското општество.

Ве очекуваме,

Асс. М-р Катерина Вељановска