Новости и Соопштенија

Известување за студентски пракси

 
 
Слика од Admin User
Известување за студентски пракси
од Admin User - петок, јули 8 2011, 3:05
 
Почитувани студенти,

Се известуваат сите студенти на додипломски студии на МИТ Универзитет (Факултет за менаџмент, Менаџмент на еколошки ресурси, Менаџмент на еколошки и рурален туризам, Архитектура и Академија за гастрономија) дека законски пропишаната практична настава и оваа година ќе се реализира во Еко - камп Пешна, Македонски Брод, во времетраење од 10 дена, а останатите 20 дена ќе се изведат во партнер - компании на Универзитетот во договор со деканите на секој Факултет.

Временски период за изведување на десетдневната пракса во Еко - кампот Пешна за сите студенти од прва и втора година (и студенти од трета година кои немаат извршено две пракси):
  • од 15.08 - 25.08.2011 г.: Факултет за менаџмент на еколошки ресурси, Факултет за менаџмент на еколошки и рурален туризам и Академија за гастрономија;
  • од 26.08 - 05.09.2011 г.: Факултет за архитектура и Факултет за Менаџмент ( 5 студенти);
  • од 06.09 - 15.09.2011г.: Факултет за менаџмент.
Задолжителната пракса во времетраење од 10 дена во Еко-камп Пешна изнесува 16.000 денари, со можност за плаќање на 3 рати.
Секој студент треба да подигне дневник за пракса во Студентската служба при МИТ Универзитет најдоцна до 15.07.2011 година (петок).
За останатиот дваесетдневен дел од студентската пракса, секој студент треба да се консултира со деканот, односно секретарот на соодветниот факултет / академија.

МИТ Универзитет
Студентска служба