Новости и Соопштенија

Покана за промоција на албум

 
 
Слика од Admin User
Покана за промоција на албум
од Admin User - среда, мај 4 2011, 11:48
 
Почитувани,

На 5 - ти мај (четврток), во 21.30 часот во MKC Club&Restaurant во Скопје, ќе се одржи промоција на албумот JAZZ FUSION на Filip Stevanovski - quartet, ова е вториот албум во кој се наоѓаат звуци на прекрасниот вокал и бас гитара на Маја Капсарова, алт саксафонот на Борислав Веселинов, тромбонот и клавијатурите Филип Стевановски, тапаните на Филип Крстевски како и специјалниот гостин кој е задолжен за ударалките (конги, бонгоси,... селски... тапан, тарабука....) Виктор Филиповски.
Ќе слушнете звуци на LATIN JAZZ, ACID, FUNK, REAGGE, ETNO JAZZ.... Во ова CD се наоѓа авторска музика на Филип Стевановски како и преработки на популарни композиции но во оригинален аранжман.
Во четврток вечерта во MKC ќе уживате во звуците на CD - то и мини концерт на Filip Stevanovski - quartet.

ПОВЕЛЕТЕ ДОЈДЕТЕ!!!!
www.filipstevanovski.com