Новости и Соопштенија

Покана за свечена презентација

 
 
Admin User 'ın resmi
Покана за свечена презентација
yazan Admin User - 17 Mart 2011, Perşembe, 15:27
 
Почитувани колеги,

Студенскиот УНЕСКО клуб МИТ Мултикуктура-Интеграција-Толеранција Ве поканува на свечена презентација на завршната фаза од својот проект „Преку мартинките до заживување на традицијата и мултикултурата“.

Со овој проект, студентите преку својата иницијатива за заживување на македонската традиција за изработка на мартинки, заеднички се залагаат за остварување на идеалите на УНЕСКО, во кои цврсто веруваат: овековечување на традицијата на мултикултуралното единство на сите етникуми во Република Македонија и пошироко, остварување меѓуетнички дијалог и создавање средина на соживот и толеранција.

Презентацијата на проектот ќе се одржи во понеделник, 21.03.2011г. во просториите на МИТ Универзитет со почеток во 12:00 часот, проследена со садење дрво на меѓуетничка толеранција во дворот на Универзитетот.

Ве очекуваме!
Студентски УНЕСКО клуб МИТ