Се известуваат сите редовни студенти од Факултетот за компјутерски науки и технологии и Факултетот за менаџмент дека задолжителната пракса пропишана со Законот за високо образование и Статутот на МИТ Универзитет ќе се изведува од 18.08.2010 година. Зa таа цел сите студенти од наведените факултети на 17.08.2010 (вторник) во 12 часот да бидат во просториите на МИТ Универзитетот за да се упатат во компаниите каде што ќе се изведува практичната настава.
Студентите на МИТ Факултет за менаџмент, насока Безбедност и финансиска контрола дополнително ќе бидат известени за практичната настава која ќе се изведува на терен.