Новости и Соопштенија

Известување за судентска пракса во академската 2009 / 2010 година

 
 
Picture of Admin User
Известување за судентска пракса во академската 2009 / 2010 година
by Admin User - Thursday, 12 August 2010, 2:54 PM
 
Се известуваат сите редовни студенти од Факултетот за архитектура, Менаџмент на еколошки ресурси, Менаџмент на еколошки и рурален туризам и Академијата за гастрономија дека задолжителната пракса пропишана со Законот за високо образование и Статутот на МИТ Универзитет ќе се извршува во периодот од 15.08.2010 (недела) до 05.09.2010 (недела) во Пешна, Македонски Брод.
Останатите 10 дена од праксата ќе се одвиваат во:
  • проектантско биро,
  • туристичка агенција
  • и ресторан во Скопје.
Сместувањето на студентите ќе биде во училишниот интернат во Македонски Брод.
Студентите со себе потребно е да понесат:
  • прибор за хигиена,
  • облека,
  • топла облека за вечерните часови (во вечерните часови времето е доста свежо),
  • работна облека за изведување на практична настава,
  • лесни обувки,
  • заштитни ракавици.
Студентите од Архитектура со себе да понесат и прибор за цртање (табли и друго). Студентите од Гастрономија со себе да понесат работна облека за во кујна и послужување (келнери, шанкери).
Сите студенти со себе да носат тетратка (А4 формат) за водење на дневник кој Ќе биде потпишан од предметниот наставник.
Практичната настава ќе биде надгледувана од предметни наставници за соодветни факултети.

Во попладневните часови, студентите ќе може да посетуваат разни културни манифестации и спортски натпревари коишто се во организација на Општина Македонски Брод.


Според Законот за Високо образование, праксата е задолжителна и без неа студентите нема да можат да го заверат семестарот.

Трошоците за: престој, превоз, храна, посета на културно-историски споменици, еколошки центри и паркови, рурални ресторани, рекреативна забава, посета на културни манифестации и спортски натпревари е со самофинансирање на студентите и истата чини 16000 (шеснаесет илјади) денари, а студентите ќе ги платат на четири еднакви месечни рати.

Во недела (15.08.2010 година), во 08:00 часот наутро, студентите треба треба да бидат пред МИТ Универзитет, од каде што ќе се тргне со организиран превоз.

МИТ Универзитет