Новости и Соопштенија

Соопштение за сите студенти на МИТ Универзитет

 
 
Admin User 'ın resmi
Соопштение за сите студенти на МИТ Универзитет
yazan Admin User - 12 Mayıs 2010, Çarşamba, 09:31
 
Почитувани студенти и наставен кадар на МИТ Универзитет,

Според финансиските евиденции на МИТ Универзитет и Договорите за студирање, сеуште голем дел од студентите ги немаат подмирено обврските за студирање.

Ги молиме студентите, најдоцна до 15.05.2010 година, да ги подмират своите обврски и уплатите веднаш да ги достават до Студентаската служба на МИТ, како би можеле да продолжат со полагања на парцијалните испити (колоквиуми), одбрана на семинарски трудови, полагање на испити и сл.

Се задожува наставниот кадар на МИТ Универзитет пред секое спроведување на колоквиуми или испити, да вршат увид на заверен семестар во индекс и доколку утврдат дека истиот не е заверен, да не се дозволи полагање на колоквиумот односно испитот.
Согласно неведеното, се задолжуваат студентите со себе да носат индекс при секое полагање, а во спротивно нема да можат да го остварат своето право на полагање.

Со почит,
Ректор на МИТ Универзитет