Новости и Соопштенија

ITIL v3 работилница

 
 
Слика од Васе Тушевски
ITIL v3 работилница
од Васе Тушевски - недела, март 28 2010, 4:19
 

Почитувани студенти,

чест ни е да Ве информираме дека на 29 и 30 март 2010 година, на МИТ Универзитет itSMF Macedonia ќе одржи работилница посветена на имплементацијата на ITIL v3.

itSMF е меѓународен форум чијашто главна цел е зголемување на квалитетот на ИТ услугите. Одговорен е за ITIL и ISO 20000 стандардите за обезбедување на квалитетот на ИТ услугите. ITIL е стандард за поединци, додека ISO 20000 е стандард за фирми коишто доставуваат ИТ услуги.

itSMF Macedonia (www.itsmf.org.mk) е Стопанска комора на фирми, институции и поединци, даватели и приматели на ИТ услуги, чијашто основна задача е зголемување на квалитетот на ИТ услугите во Република Македонија. Тоа го постигнува преку размена на искуствата од примената на добрите практики во управувањето со ИТ услугите и јакнењето на свеста од корисноста од имплементацијата на ITIL стандардот.

На оваа работилница ќе присуствуваат и студенти од МИТ Универзитет. Стекнатото знаење од работилницата ќе можат да го употребат за зголемувањето на квалитетот на ИТ услугите во фирмите во коишто ќе се вработат по завршувањето на своите студии.

МИТ Универзитет