Новости и Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ за Обрасци за запишани студенти на прв и втор циклус на студии, во академската 2026/2027 година

 
 
Слика од Драгица Трајковска
ИЗВЕСТУВАЊЕ за Обрасци за запишани студенти на прв и втор циклус на студии, во академската 2026/2027 година
од Драгица Трајковска - понеделник, 21 септември 2026, 00:03
 

Почитувани студенти,

Ви го приложувам изворно известувањето пратено од Државен завод за статистика, Одделение за образование:

Дигитализација на статистичките податоци: Студентите задолжително да ги пополнат електронските обрасци ВОИ.20 и ВОИ.80А


Нема веќе хартиени обрасци – запишаните студенти на прв и втор циклус се пријавуваат само електронски

Државниот завод за статистика, во соработка со Министерството за дигитална трансформација, воведе целосно дигитализирано прибирање на податоците за запишаните студенти на втор и трет циклус преку новиот електронски образец ВОИ.20 и ВОИ.80А. Почнувајќи од академската 2026/2027 година, хартиените обрасци се целосно исклучени, а сите активни студенти имаат обврска статистичкиот образец да го пополнат и да го достават по електронски пат.

За да го пополнат образецот, студентите треба да направат регистрација на Националниот портал за е-Услуги (Порталот) uslugi.gov.mk, со дефинирање профил на ниско ниво преку Системот за единствена најава (СЕН) на еден од следните начини:

  1. Студентот може да се регистрира на Порталот со валидна е-адреса, со што добива профил на основно ниво (без проверен физички идентитет) и тој профил мора да го надгради на ниско ниво во канцелариите на центрите ЕТУ (Една точка за услуги) низ Северна Македонија: https://mdt.gov.mk/mk-MK/ministerstvo/centri-za-uslugi-etu, како и во подрачните едници на УЈП, со документ за лична идентификација.

  2. Ако студентот веќе има корисничка сметка од Управата за јавни приходи (УЈП), на Порталот ја избира опцијата за регистрација со постојна корисничка сметка од УЈП „Имате профил на УЈП“ и се најавува со корисничкото име и лозинка од УЈП.

Студентите го пополнуваат образецот на следните линкови: uslugi.gov.mk – obrazec VOI.80A и uslugi.gov.mk – obrazec VOI.20. По успешното пополнување на образецот, системот генерира соодветен документ кој студентите се должни да го достават до студентската служба на својот матичен факултет, институт или висока стручна школа.


Потсетуваме дека навременото и точно пополнување на овие податоци е законска обврска што придонесува за креирање прецизни образовни политики, а за сите дополнителни прашања и технички насоки студентите и институциите може да стапат во контакт со надлежните лица од Државниот завод за статистика.



Со почит,

МИТ Универзитет