Почитувани студенти,
Ве информираме дека Заверка на зимски семестар за академската 2025/2026 година ќе се врши во период од 20.01.2026 – 26.01.2026 година. Потребно е сите студенти да пополнат семестрален лист за заверка на семестар во службата за студентски прашања со приложена уплатница (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија), секој работен ден од 12:00 -15:00 часот.
Ве замолуваме за ажурност и редовност, со цел непречено одвивање на Вашиот академски статус.
НАПОМЕНА: Студентите кои се запишани на Факултет за психологија, Факултет за дентална медицина и Колеџ за медицинска козметологија и физиотерапија, пријавувањето на септемвриска испитна сесија ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Кисела Вода.
Студентите кои се запишани на Факултет за правни науки, меѓународни односи, Факултет за безбедносни науки, Економски факултет и Факултет за архитектура, пријавувањето на септемвриска испитна сесија ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Аеродром.
Со почит,
МИТ Универзитет