Новости и Соопштенија

Известување за втора колоквиумска недела во зимски семестар

 
 
Слика од Драгица Трајковска
Известување за втора колоквиумска недела во зимски семестар
од Драгица Трајковска - четврток, 4 декември 2025, 08:30
 

Почитувани студенти,

 

Ве информираме дека пријавување на втора колоквиумска недела во зимски семестар ќе се спроведе во период од 09.12.2025 – 15.12.2025 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави (за втор колоквиум и семинарска работа) во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија во зависност од тоа колку колоквиуми ќе пријавите), секој работен ден од 12:00 -15:00 часот.

Втората колоквиумска недела во зимскиот семестар ќе се одржи во период од 22.12.2025 – 26.12.2025 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Напоменуваме, дека сите студенти кои нема да се придржуваат на горе наведените препораки нема да можат да полагаат колоквиум.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на колоквиумската недела.

НАПОМЕНА:  Студентите кои се запишани на Факултет за психологија, Факултет за дентална медицина и Колеџ за медицинска козметологија и физиотерапија, пријавувањето на втор колоквиум во зимски семестар ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Кисела Вода.

Студентите кои се запишани на Факултет за правни науки, меѓународни односи, Факултет за безбедносни науки, Економски факултет и Факултет за архитектура, пријавувањето на втор колоквиум во зимски семестар ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Аеродром.

 

 

Со почит,

МИТ Универзитет