Новости и Соопштенија

Втора колоквиумска недела во летен семестар во академската 2024/2025 година

 
 
Слика од Драгица Трајковска
Втора колоквиумска недела во летен семестар во академската 2024/2025 година
од Драгица Трајковска - сабота, 10 мај 2025, 19:28
 

Почитувани студенти,


Ве информираме дека пријавување на втора колоквиумска недела од летен семестар ќе се спроведе во период од 12.05.2025 – 16.05.2025 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави (за втор колоквиум и семинарска работа) во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија во зависност од тоа колку колоквиуми ќе пријавите), секој работен ден од 12:00 -15:00 часот.

Полагањето на втора колоквиумска недела од летниот семестар ќе се одржи во период од 26.05.2025 – 30.05.2025 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Напоменуваме, дека сите студенти кои нема да се придржуваат на горе наведените препораки нема да можат да полагаат колоквиум.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на колоквиумската недела.

НАПОМЕНА:  Студентите кои се запишани на Факултет за психологија, Факултет за дентална медицина и Колеџ за медицинска козметологија и физиотерапија, пријавувањето на мајска испитна сесија ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Кисела Вода.

Студентите кои се запишани на Факултет за правни науки, меѓународни односи, Факултет за безбедносни науки, Економски факултет и Факултет за архитектура, пријавувањето на мајска испитна сесија ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Аеродром.


Со почит,

МИТ Универзитет