Новости и Соопштенија

Пријавување за прва колоквиумска недела од зимскиот семестар

 
 
Слика од Драгица Трајковска
Пријавување за прва колоквиумска недела од зимскиот семестар
од Драгица Трајковска - понеделник, октомври 28 2024, 9:56
 

Почитувани студенти,


Ве информираме дека пријавување за првата колоквиумска недела од зимскиот семестар ќе се спроведе во период од 28.10.2024 – 01.11.2024 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија во зависност од тоа колку колоквиуми ќе пријавите), секој работен ден од 12:00 -15:00 часот.

Првата колоквиумска недела од зимскиот семестар ќе се одржи во период од 11.11.2024 – 15.11.2024 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на колоквиумската недела.


Со почит,

МИТ Универзитет