Почитувани студенти,
Ве информираме дека Запишување на зимски семестар за академската 2024/2025 година ќе се врши во период од 02.09.2024 – 06.09.2024 година. Потребно е сите студенти да пополнат семестрален лист за запишување на семестар во службата за студентски прашања со приложена уплатница (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија), секој работен ден од 12:00 -15:00 часот.
Ве замолуваме за ажурност и редовност за запишување семестар, со цел непречено одвивање на Вашиот академски статус.
Со почит,
МИТ Универзитет