Новости и Соопштенија

ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

 
 
Picture of Драгица Трајковска
ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА
by Драгица Трајковска - Tuesday, 23 May 2023, 2:00 PM
 

Почитувани студенти,


Ве информираме дека пријавувањето на испити за Јунска испитна сесија (редовна сесија) ќе се врши во период од 29.05.2023 - 05.06.2023 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата на студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија во зависност од тоа колку испити ќе пријавите), секој работен ден од 09:00 -15:00 часот.

Јунската испитна сесија ќе се одржи во период од 12.06.2023-16.06.2023 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Студентите кои ги положиле и двата колоквиуми, ќе треба да дојдат во службата за студентски прашања да пополнат пријава за испит за да може оценката да биде внесена во пријавата.

Напоменуваме, дека сите студенти кои нема да се придржуваат на горе наведените препораки нема да можат да полагаат испити во јунска сесија, ниту пак оценките од положените колоквиуми нема да можат да бидат озваничени.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на испитната сесија.


 Со почит,

 МИТ Универзитет