Новости и Соопштенија

Пријавување за втора колоквиумска недела од летниот семестар

 
 
Слика од Драгица Трајковска
Пријавување за втора колоквиумска недела од летниот семестар
од Драгица Трајковска - вторник, мај 3 2022, 3:40
 

Почитувани студенти,


Ве информираме дека пријавувањето за втората колоквиумска недела од летниот семестар ќе се спроведе во период од 09.05.2022 – 13.05.2022 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците  да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија), секој работен ден од 09:00 -15:00 часот.

Втората колоквиумска недела од летниот семестар ќе се врши во период од 23.05.2022 – 30.05.2022 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на колоквиумската недела.


Со почит,

МИТ Универзитет