Новости и Соопштенија

АПРИЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

 
 
Picture of Драгица Трајковска
АПРИЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА
by Драгица Трајковска - Tuesday, 5 April 2022, 4:20 PM
 

Почитувани студенти,


        Ве информираме дека пријавувањето на испити за Априлска испитна сесија (вонредна сесија) ќе се врши во период од 11.04.2022 - 15.04.2022 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците  да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија), секој работен ден од 09:00 -15:00 часот.

       Априлската испитна сесија ќе се одржи во период од 26.04.2022- 03.05.2022 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

       Напоменуваме, дека сите студенти кои нема да се придржуваат на горе наведените препораки нема да можат да полагаат испити во априлската сесија.

       Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на испитната сесија.


 Со почит,

 МИТ Универзитет