Новости и Соопштенија

МАРТОВСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

 
 
Слика од Драгица Трајковска
МАРТОВСКА ИСПИТНА СЕСИЈА
од Драгица Трајковска - понеделник, март 7 2022, 11:47
 

Почитувани студенти,


Ве информираме дека пријавувањето на испити за Мартовска  испитна сесија (вонредна сесија) ќе се врши во период од 14.03.2022 - 18.03.2022 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците  да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија) , секој работен ден од 09:00 -15:00 часот.

Мартовската испитна сесија ќе се одржи во период од 28.03.2022- 01.04.2022 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Напоменуваме, дека сите студенти кои нема да се придржуваат на горе наведените препораки нема да можат да полагаат испити во мартовска сесија.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на испитната сесија.


Со почит,

 МИТ Универзитет