Новости и Соопштенија

ЈУНСКА СЕСИЈА - ПОЛАГАЊЕ ВТОР КОЛОКВИУМ / ПРИЈАВА НА ИСПИТИ ЈУНСКИ ИСПИТЕН РОК / ПОЛАГАЊЕ - ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА / ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР

 
 
Елеонора А. 'ın resmi
ЈУНСКА СЕСИЈА - ПОЛАГАЊЕ ВТОР КОЛОКВИУМ / ПРИЈАВА НА ИСПИТИ ЈУНСКИ ИСПИТЕН РОК / ПОЛАГАЊЕ - ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА / ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР
yazan Елеонора А. - 27 Mayıs 2020, Çarşamba, 14:31
 

Почитувани студенти,

Полагањето на втор колоквиум во јуни ќе се врши од 1ви до 4ти јуни. 
 Уплатниците, потребно е да се приложат на професорот пред почетокот на полагањето на колоквиумот, истите треба да бидат уплатени максимум една недела пред предвидениот термин за полагање. Со уплатницата од секој колоквиум потребно е да приложите и семинарскиот труд како и уплатницата за пријавен семинарски труд во вредност од 620 денари.

Пријавувањето на испити во јунска испитна сесија ќе се врши од 9ти до 12ти јуни.


Полагање на испити во јунска испитна сесија  бидат од 22ри до 26ти јуни.                  
 Уплатниците, потребно е да се приложат на професорот пред почетокот на полагањето на испитот, истите треба да бидат уплатени максимум една недела пред предвидениот термин за полагање. Со уплатницата од секој испит потребно е да гприложите и семинарскиот труд како и уплатницата за пријавен семинарски труд во вредност од 620 денари. Студентите кои нема да се појават на полагањето, или нема да приложат уплатница, ќе се смета дека не го положиле испитот.


Заверка на летен семестар, се врши од 1би до 4ти јуни.


ПОТСЕТУВАМЕ!!!

 Студентите кои не ја уплатиле последната школарина до 15мај, а со тоа и комплетно не ја подмириле цела академска 2019/2020 година, нема да можат да полагаат испити и колоквиуми ниту во јунската сесија.

Со почит,

МИТ Универзитет