Почитувани студенти,
Пријавувањето на испити во мајска испитна сесија ( казнена) се врши од 11ти до 13ти мај.
Испит уплатен по предвидениот рок чини 3000 денари. Уплатниците, потребно е да се приложат на професорот пред почетокот на полагањето, истите треба да бидат уплатени максимум една недела пред предвидениот термин за полагање. Со уплатницата од секој испит потребно е да приложите и семинарскиот труд како и уплатницата за пријавен семинарски труд во вредност од 620 денари.
Полагањето на испити во мајска испитна сесија ќе се врши од 26ти до 29ти мај.
Студентите кои пријавиле испит а не се појавиле во предвиденот рок за полагање, ќе се смета дека не се појавиле на полагањето, поточно не го положиле испитот.
Уплатата за втор колоквиум се врши од 26ти до 29ти мај. Полагањата за истиот се од од 1ви до 4ти јуни.
ПОТСЕТУВАМЕ!!!
Најдоцна до 15 мај потребно е да се изврши уплата за последна рата на школарина. Студентите кои нема да ја уплатат школарината, а со тоа и комплетно да ја подмират цела академска 2019/2020 година, нема да можат да полагаат испити и колоквиуми ниту во мајска ниту во јунската сесија.
Со почит,
МИТ Универзитет