Драги колешки и колеги, Како резултат на произлезена соработка помеѓу Агенцијата на Обединети нации за миграции (ИОМ) и МИТ Универзитет – Скопје, во согласност со наставно-практичната програма на Факултетот за безбедносни науки, оваа година Универзитетот учествува во потесен круг на соработници на Агенцијата, во рамките на реализација на програмата “Глобален миграциски филмски фестивал (GMFF)“.
За таа цел, на ден 11.12.2018 година (Вторник), со почеток од 10:00 часот до 12:00 часот, во Свечениот амфитеатар на МИТ Универзитет (објект City Gallery, Плоштад), ќе се одржи промоција на документарен филм од областа на миграциите, ексклузивно изработен за потребите на ИОМ.
Целта на овој Фестивал е да се користат филмовите како едукативни алатки кои влијаат врз перцепциите и ставовите кон мигрантите, со привлекување внимание кон социјалните прашања и создавање безбеден простор за соодветна дебата и интеракција.
Исто така, Фестивалот е иновативна креативна авенија за нормализирање на дискусиите за миграцијата преку раскажување приказни, и претставува алатка за застапување која може да привлече внимание кон целите на одржливиот развој на Обединетите нации (SDGs), со што им помага на сите нации додека работат на заедничка основа.
Студентите при МИТ Универзитет ќе имаат можност да се запознаат со практичните аспекти во процесот на справување со миграцијата и предизвиците од тој домен, како и да учествуваат во сесија модерирана од страна на претставник на ИОМ во врска со споделување на своите лични импресии и видувања на проблематиката, по проследување на документарниот филм. Со особена чест се покануваат да присуствуваат сите студенти, како и целокупниот Наставно-научен кадар при МИТ Универзитет. * ПРИСУСТВОТО Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСНИ НАУКИ! Со почит, Факултет за безбедносни науки