Новости и Соопштенија

Известување за гостинско предавање на Факултет за психологија

 
 
Слика од Невена Цонева
Известување за гостинско предавање на Факултет за психологија
од Невена Цонева - четврток, 24 мај 2018, 13:22
 

Почитувани,

На ден 30.05. 2018 година (среда) , во организација на МИТ Факултетот за психологија, Центарот за применета психологија, во просториите на МИТ Универзитет (Сити Галери, Плоштад Македонија), во амфитеатар 2, во 16 часот, предавање на тема БИЗНИС ПСИХОЛОГИЈА ќе одржи Марина Анчевска, НЛП тренер и основач на центарот за Бизнис Психологија, прв акредитиран НЛП центар во Македонија. Марина е воедно и сертифициран Coach, писател, мотивациски говорник и јога учител. 

“Секој тим е група на луѓе, но не значи дека секоја група на луѓе е тим! Зошто е важно да се инвестира во човечкиот потенцијал? Бидејќи луѓето ја креираат организацијата. Без нив секоја организација би била само празен објект. Успехот на една организација зависи од тоа колку се мотивирани вработените. Што е тоа што ги води и мотивира вработените? Дали се само парите?”

Присуството на студентите од Факултетот за психологија е задолжително, а добредојдени се сите заинтересирани. Своето присуство потврдете го со пријавување и порака на страницата на Центарот за применета психологија при МИТ Факултет за психологија. Ве очекуваме!