Почитувани,
На ден 29.03.2018 година, во 12.00 часот, се организира гостување на студентите од Факултет за менаџмент на еколошки ресурси во Сектор за отпад при Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, со предавање на Ана Мазнева - раководител на секторот. Посетата ќе биде во Канцеларијата за комуникации со јавност, дел од Министерството за животна средина и просторно планирање во Секретаријат за Европски прашања (Кеј Димитар Влахов, Скопје, поранешна зграда на Комерцијална Банка, позади Хотел Стоун Бриџ)
Присуството на сите студенти од прв и втор циклус на студии од Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси е задолжително.
Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси