Трансфер со упис на прв и на втор циклус на студии на МИТ Универзитет во летниот семестар во академската 2017/2018 година е во тек.
Трансфер и упис се врши на следните факултети во состав на универзитетот:
- Факултет за правни науки,меѓународни односи и дипломатија
 - Факултет за безбедносни науки
 - Факултет за архитектура
 - Факултет за психологија
 - Факултет за менаџмент на еколошки ресурси
 - Факултет за менаџмент
 
Право на трансфер и упис на студии на МИТ Универзитет имаат сите студенти од други високообразовани установи, кои имале запишано најмалку една 1 академска година или дипломирале на високо образовната установа од која доаѓаат.
Трансферот се врши во иста или сродна студиска програма во согласност со одредбите од Правилникот за единствениот кредит систем и преминот од една на друга студиска програма, односно од една на друга високообразовна установа.
Трансферот се врши врз основа на сродноста на положените испити и студиските програми од предходното образование.
Потребни документи за аплицирање за трансфер за упис:
- Приемен лист (образец од МИТ Универзитет); 
 - Исписница од високообразовната установа од која се врши трансферот (во оригинал); 
 - Уверение за положени испити (во оригинал); 
 - Диплома за завршено средно образование и сведителства од сите години (за трансфер и упис на прв циклус студии), односно Диплома или Уверение за завршен прв циклус студии (за трансфер и упис на втор циклус);
 - Извод од матична книга на родените; 
 - Уверение за државјанство;
 - Уплата за школарина.
 
Дополнителни информации може да добиете на contact@mit.edu.mk или 078 268268, 076 319319