Новости и Соопштенија

Известување за практична работа во Народна Банка на Република Македонија

 
 
Слика од Невена Цонева
Известување за практична работа во Народна Банка на Република Македонија
од Невена Цонева - петок, април 28 2017, 10:32
 

Почитувани студенти,

Добивме известување од Народна Банка на Република Македонија според кое студентите на високообразовните институции од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка имаат можност да вршат практична работа во Народната банка на Република Македонија, во текот на јуни, јули и август 2017 година.

Сите заинтересирани студенти ги молам да се обратат во МИТ Центарот за кариера, или на 078 480 908 - доц. д-р Сања Николиќ.