Новости и Соопштенија

Гостинско предавање на МИТ Универзитет

 
 
Picture of Невена Цонева
Гостинско предавање на МИТ Универзитет
by Невена Цонева - Monday, 19 December 2016, 3:54 PM
 

Почитувани колеги,

Со особена чест и задоволство ве известувам дека, на иницијатива на Деканот на Факултетот за менаџмент – проф. д-р Роберт Димитровски, во четврток 22.12.2016 со почеток во 11:00 часот, во Амфитеатарот на МИТ Универзитет во Сити Галери, предавање ќе одржи проф. д-р Paul Sergius Koku, од Државниот Универзитет на Флорида.

Тема на предавањето ќе биде: „Компетенции на современите лидери“. Ве покануваме да бидете дел од ова гостување и да размениме мислења на оваа актуелна тематика, во која ќе се пронајдат како студентите така и наставниот кадар од различните стручни профили.  

Ве очекуваме.