Почитувани колеги,
На ден 07.12.2016 година (среда) во 09:00 часот во Амфитеатарот 1 на МИТ Универзитет, објект Аеродром, во организација на Факултетот за безбедносни науки, ќе се одржи работилница на тема: „Кажи и НЕ на корупцијата - секое НЕ се брои!“.
Работилницата ќе биде одржана од страна на членовите на младинската организација Анти Корупција Интернационал Македонија, која е официјално претставништво на меѓународната оргaнизација Anti Corruption International. Работилницата се базира на современи методи и техники на неформалното образование и вклучува, практични вежби, работа во групи, креативни методи за поттикнување на дискусија и изразување на ставови и сл.
- А Г Е Н Д А -
09:00-09:10
Запознавање со целите на Анти Корупција Интернационал Македонија и презентирање на план за работата во текот на работилницата
09:10-09:40
Дефинирање на корупцијата, облици, причини за појавување и негативни ефекти
09:40-10:00
Вежба 1
10:00-10:30
Пауза
10:30-11:00
Состојбата со корупцијата во Република Македонија и светот
11:00-11:20
Вежба 2
11:20-11:50
Алатки за борба против корупцијата
11:50-12:00
Пауза
12:00-12:30
Заклучоци и дискусија
Присуството за студентите од Факултетот за безбедносни науки е задолжително, а добредојдени се сите останати студенти, како и наставно-соработничкиот кадар на МИТ Универзитетот - Скопје.