Почитувани колеги,
На ден 06.12.2016 година (вторник) во 12:00 часот, во амфитеатар 1 на МИТ Универзитет, објект во Центар (City Gallery), на покана на Факултетот за безбедносни науки, полициски инспектори од Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, ќе одржат предавање на тема: „ПРИМЕНА НА ПОЛИГРАФОТ ПРИ ОТКРИВАЊЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА И НИВНИ СТОРИТЕЛИ“.
Во текот на предавањето ќе биде презентиран полиграфот кој го користи Полицијата при откривање, разјаснување и расветлување на криминални настани, ќе бидат објаснети методите и правилата на полиграфското тестирање, а ќе биде симулирано и полиграфско тестирање во живо.
Предавањето е задолжително за студентите од Факултетот за безбедносни науки, а добредојдени се студентите од другите факултети, како и наставно-соработничкиот кадар на МИТ Универзитетот - Скопје.