Новости и Соопштенија

Покана за младинска дебата

 
 
Слика од Невена Цонева
Покана за младинска дебата
од Невена Цонева - четврток, ноември 24 2016, 7:39
 

Почитувани колеги,

МИТ Центарот за кариера, во соработка со Факултетот за менаџмент, Факултетот за правни науки, меѓународни односи и дипломатија и невладината организација Младински сојуз, Ве поканува да присуствувате на младинска дебата, која ќе се одржи на 29.11.2016 (вторник), со почеток во 10:30 часот, во Амфитеатерот на МИТ Универзитет во Центар (Сити Галери).  

Целата на оваа младинска дебата е да поттикне размислувања и дискусија помеѓу студентите на МИТ Универзитетот во врска со актуелни тематики поврзани со корупција, злоупотреба на средства и транспарентност. Дебатата ќе започне со прикажување на документарниот филм  „Сиромавиот братучед“, снимен во мали заедници во Грција, Бугарија, Македонија, Италија, Романија и Србија, а поддржан од страна на Европската Комисија.     

Ве очекуваме да дебатираме заедно и разменуваме мислења со нашите студенти.        


Со почит,

МИТ Центар за кариера