Новости и Соопштенија

Предавање на тема: Нуклеарното разоружување во мултиполарниот свет

 
 
Слика од Невена Цонева
Предавање на тема: Нуклеарното разоружување во мултиполарниот свет
од Невена Цонева - среда, ноември 23 2016, 9:33
 

Почитувани,

Факултетот за безбедносни науки Ве поканува на предавање на тема „НУКЛЕАРНОТО РАЗОРУЖУВАЊЕ ВО МУЛТИПОЛАРНИОТ СВЕТ“

Предавањето ќе биде реализирано од страна на Неформалната студентска група "Млади за разоружување",  во рамките на Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје "ICAN", со поддршка на ERASMUS+ и здружението "Поддршка-Права-Пристап-Србија", во четврток, 24 ноември 2016 година, 10:00 часот, Амфитеатар 1, МИТ Универзитет - Скопје, објект Центар (City Gallery) со следната агенда:

10:00-10:10

Воведно обраќање и претставување на Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје - International Campaign to Abolish Nuclear weapons (ICAN)

10:10-10:25

Историја на нуклеарното оружје

Стефан Стојановски, Факултет за психологија, МИТ Универзитет - Скопје

10:25-10:40

Нуклеарниот арсенал во светот

Марко Вучковиќ, Факултет за безбедност, Универзитет во Белград

10:40-11:00

Последици од нуклеарното оружје

Стефан Станковиќ, Факултет за безбедност, Универзитет во Белград

11:00-11:10

Студентски искуства од II-от Меѓународен младински семинар за хуманитарно разоружување

Викторија Црнеска, Факултет за безбедносни науки, МИТ Универзитет - Скопје

Орхидеа Деаноска, Факултет за безбедносни науки, МИТ Универзитет - Скопје

11:10-11:30

Дискусија

Заклучок од дискусијата и завршни обраќања


Предавањето е задолжително за студентите од Факултетот за безбедносни науки, a добредојдени се студентите од другите факултети, како и наставно-соработничкиот кадар при МИТ Универзитет - Скопје.