Новости и Соопштенија

Гостинско предавање на Факултет за психологија

 
 
Слика од Admin User
Гостинско предавање на Факултет за психологија
од Admin User - вторник, 1 ноември 2016, 12:01
 

Почитувани, 

МИТ Факултет за Психологија и Центарот за применета психологија при МИТ Факултетот за психологија организираат средба со Гешталт тренинг школата АСПЕКТИ од Скопје. На ден 03.11.2016 (четврток) со почеток во 12 часот, во просториите на МИТ Универзитет (објект Аеродром - предавална Г) ќе се одржи предавање на тема - „Гешталт пристап при анксиозни и панични состојби“. Предавањето ќе го одржи тимот на гешталт школата Аспекти - м-р Снежана Андреева, клинички психолог и гешталт терапевт и Лидија Попчева, психолог, гешталт психотерапевт. 

Присуството на студентите од факултетот за психологија е задолжително, а за сите други студенти на МИТ Универзитет и гости е добредојдено.

Ве очекуваме!