Новости и Соопштенија

Известување за пракса за студентите од Факултетот за безбедносни науки

 
 
Слика од Невена Цонева
Известување за пракса за студентите од Факултетот за безбедносни науки
од Невена Цонева - четврток, јуни 2 2016, 12:13
 

Почитувани,

Се известуваат студентите од Факултетот за безбедносни науки, дека праксата во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ќе се изведува во периодот 14.06.2016 (вторник) - 01.07.2016 (петок) со времетраење од 14 работни дена. 

Студентите потребно е да се јават на 14.06.2016 (вторник) во 09.00 часот во организациската единица на министерството согласно списокот за пракса.

Во текот на реализацијата на праксата студентите задолжително да носат индекс и дневник за практична настава, кој може да го подигнете кај доц. д-р Кире Бабаноски.