Новости и Соопштенија

Известување за одржување гостинско предавање

 
 
Picture of Невена Цонева
Известување за одржување гостинско предавање
by Невена Цонева - Wednesday, 20 April 2016, 10:17 AM
 

Почитувани колеги,

На 22.04.2016 година (Петок) во 10:00 часот во Амфитеатарот на МИТ Универзитет (Објект Аеродром) на покана на Факултетот за безбедносни науки, м-р Дамјан Темелковски ќе одржи предавање на тема „Мапирање на криминалитетот: Карта на криминалитетот во Република Македонија“.

На предавањето ќе биде презентиран софтверскиот систем за бележење на криминалните настани во Република Македонија (системот може да го видите на следниов линк), кој воедно е дипломски проект на м-р Дамјан Темелковски на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

Се покануваат студентите и наставно-соработничкиот кадар на МИТ Универзитетот да присуствуваат на предавањето.

Со почит,

доц. д-р Кире Бабаноски