Новости и Соопштенија

Прва конференција за неуспесите на успешните – iFail

 
 
Picture of Admin User
Прва конференција за неуспесите на успешните – iFail
by Admin User - Monday, 7 December 2015, 12:25 PM
 
Почитувани,

МИТ Центарот за квалитет и развој на кариера ве поканува да земете учество на:
Прва конференција за неуспесите на успешните – iFail во организација на Global Shapers Skopje – младинска иницијатива на Светски Економски Форум

За прв пат во Македонија, јавноста ќе има можност да чуе за грешките и неуспесите на успешните луѓе преку настанот iFail (Јас грешам). Честопати слушаме за приказните на успешните луѓе и како тие во моменти на криза донеле правилна одлука која ги одвела до успехот.

Идејата за овој настан потекнува од Мексико Сити во 2012 година каде пет претприемачи биле заситени да слушаат за своите успеси и одлучиле да ги споделат своите грешки (Fuck ups). Денес, FuckUpNights се одржува секој месец низ повеќе од 100 градови и на секој континент од светот, освен Антартика.

На настанот успешни претприемачи, академици, политичари и сл., ќе презентираат приказна за некоја грешка во својата професија. Секој учесник има 7 минути и 10 слики да говори за својата грешка. По завршување на сите презентации, следуваат прашања, коктел и вмрежување.

Дојди, слушај, прашај и инспирирај се!
Место: МИТ Универизитет – Сити Галери (Амфитеатар)
Време: 10.12.2015 (четврток), со почеток во 18:00 часот

***Настанот е јавен и нема потреба за регистрација. Ако сме многу ќе се стискаме и гушкаме