Новости и Соопштенија

Центар за квалитет и развој на кариера на Саем за вработување

 
 
Admin User 'ın resmi
Центар за квалитет и развој на кариера на Саем за вработување
yazan Admin User - 30 Kasım 2015, Pazartesi, 14:16
 
Почитувани студенти и алумни,

Заради овозможување на полесен пристап на активните баратели на работа да дојдат во контакт со претставниците на компаниите, на 03.12.2015 година (четврток), од 11:00 до 14:00 часот, во салата БорисТрајковски, Скопје, ќе се одржи Саем за вработување, организиран од страна на Агенцијата за Вработување на Република Македонија и Центар за вработување на град Скопје. МИТ Центарот за квалитет и развој на кариера ќе земе активно учество на Саемот за вработување со свој штанд, со цел вмрежување и воспоставување нови контакти и соработка со работодавци и компании заради обезбедување на можности за пракса и трајно вработување на нашите студенти.
Исто така, МИТ Центарот за квалитет и развој на кариера ќе ја искористи оваа можност да ја истражи побарувачката на пазарот на трудот, односно кои знаења и вештини ги бараат работодавците при вработување на нови кадри. Овие сознанија ќе бидат искористени како инпут за понатамошна едукација и усовршување на знаењата и вештините на нашите студенти согласно потребите на пазарот на трудот.

Ги покануваме сите наши студенти и алумни кои се активни баратели на работа, да го посетат Саемот за вработување.

Со почит,
МИТ Центар за квалитет и развој на кариера