Новости и Соопштенија

Покана за Кампања Младите за ЕУ: ЕУ Ѕвезди

 
 
Picture of Admin User
Покана за Кампања Младите за ЕУ: ЕУ Ѕвезди
by Admin User - Monday, 18 May 2015, 11:48 AM
 
Почитувани,

Секретаријатот за европски прашања во рамките на Кампањата Младите за ЕУ, со цел да го зголеми интересот и знаењето на младите лица за прашања и теми поврзани со ЕУ, како и да ги промовира дискусијата и дебатата како демократски начини за надминување на разликите во мислењата, започнува со дебатниот циклус “ЕУ Ѕвезди ” (EU Stars).

На 19 Мај (вторник) со почеток во 13.00 - 15.00 часот, во просториите на Секретаријатот за европски прашања (Кеј Димитар Влахов бр.4) ќе се одржи првата пилот дебата од циклусот ЕУ Ѕвезди на тема Европската Унија треба да се прошири за да ги вклучи и земјите од Западниот Балкан.

На дебатата ќе дебатираат студенти од Универзитетот на Св. Кирил и Методиј во Скопје кој ќе дебатираат за и од Универзитет на Југоисточна Европа кој ќе дебатираат против.

Дел од публиката е предвидено да бидат студенти од повеќе Универзитети во Република Македонија. Воведно излагање ќе има од Заменикот претседател на Владата на Република Македонија д-р Фатмир Бесими, и од страна на Шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје г-н Аиво Орав.

За таа цел покануваме студентите на МИТ Универзитет (најмногу 10) да бидат дел од настанот.

Молиме Вашето учество да го пријавите кај Ермира Сулејмани 070 409 600
или на е-маил: ermira.sulejmani@sep.gov.mk , најдоцна до 18.05.2015 година (понеделник).