Новости и Соопштенија

ЖАЛНА ВЕСТ

 
 
Admin User 'ın resmi
ЖАЛНА ВЕСТ
yazan Admin User - 4 Mayıs 2015, Pazartesi, 14:12
 
Почитувани колеги, драги студенти,

Со неизмерна жалост ве известуваме дека почина Ректорот на МИТ Универзитет, проф. д-р Југослав Зибероски. Зад него останува богато наставно-научно дело, но и живот кој сите нè допре со својата човечност и добрина.

Се покануваат сите наставници и студенти да му оддадат последна почит на проф. Зибероски на 05,05,2015 (вторник) во 10:00 часот во просториите на МИТ Универзитет – Сити Галери, каде што ќе се одржи комеморативен собир во негова чест. Наставата ќе биде одложена.

Телото на починатиот ќе биде изложено во капела бр. 1 на Градските гробишта Бутел во 13:30 часот.

МИТ Универзитет