Новости и Соопштенија

Известување за студентите од Факултетот за безбедност, криминологија и финансиска контрола

 
 
Picture of Admin User
Известување за студентите од Факултетот за безбедност, криминологија и финансиска контрола
by Admin User - Thursday, 2 April 2015, 11:35 AM
 
Почитувани,

Студентите на Факултетот за безбедност, криминологија и финансиска контрола кои се заинтесирани да како идни лидери научат нешто повеќе за актуелните случувања во светот, како и за општествените и правно-политичките промени во меѓународната безбедносна политика може да се пријават за учество на работилницата која ја организира Евро-Атланскиот Совет на Македонија - СТУДЕНТСКА СИМУЛАЦИЈА „НАТО И СВЕТОТ ПО САМИОТОТ ВО ВЕЛС“. Освен тоа студентите може да се пријават и на конкурсот за најдобар есеј на тема: „МАКЕДОНИЈА И НАТО ВО 2020 ГОДИНА“. Официјалниот повик може да го погледнете овде.
Доколку некој има потешкотии во пополнувањето на пријавата за учество на работилницата или му требаат консултации за темата на есејот, може да се обрати кај асистентите Весна Попоска и Благој Цонев.

Со почит,
м-р Благој Цонев