Новости и Соопштенија

Работилници на МАКЕДОНИЈА ЕКСПОРТ Kонсалтинг - летен семестар 2014-2015

 
 
Picture of Admin User
Работилници на МАКЕДОНИЈА ЕКСПОРТ Kонсалтинг - летен семестар 2014-2015
by Admin User - Wednesday, 6 May 2015, 2:11 PM
 
Почитувани,

Во летниот семестар 2014/2015 компанијата МАКЕДОНИЈА ЕКСПОРТ Консалтинг ќе одржи циклус на работилници за студентите на МИТ Универзитетот.
Профил на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг е уникатен вид на македонска компанија (сестринска компанија на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ www.macedonia-export.com - компанија специјализирана за промоција и трговија со македонски производи на меѓународен и локален пазар) која нуди консултантски услуги од областа на развој на брендови и бизниси (долгорочна стратегија, маркетинг, продажба, извоз) како и тренинг програми за јакнење и зголемување на мотивацијата на работните тимови.
Нивната најголема предност во работењето е комбинацијата од теоретското познавање во областите во кои работат, како и практичното искуство со и во интерес на нивните партнери. Во своето работење секогаш се трудат да бидат уникатни и иновативни и не се плашат од промени. Со своите два бренда, „MAMA’S-традиционални домашни рецепти“ кој се извезува во повеќе од 20 земји и „TIP OF THE WEEK-Прирачник за личен и професионален развој“ кој е продаден во повеќе од 6000 примероци само една година по објавувањето, успеаа да ги поместат стандардите во две области на делување во Македонија - прехранбена индустрија и издаваштво.
Опис на работилниците
Време: секој четврток започнувајќи од 19.03.2015 до 21.05.2015 во терминот од 11:15 до 12:30.
Место: предавална 1 на МИТ Универзитет
Таргет група: студенти на МИТ Универзитетот од факултетите за менаџмент, психологија, право, архитектура, менаџмент на еколошки ресурси, туризам.
Концепт: студентите ќе се поделат на мешани групи од различни факултети и секоја група ќе работи на реален проект поврзан со можности за развој, воведување, пласман и извоз на определен производ. Проектите ќе се дефинираат во зависност од потребите и интересите на студентите. Во текот на изработка на проектите тимот на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг ќе ги насочува и ќе им помага на студентите за подобра реализација на проектите преку одржување на циклус на различни работилници (маркетинг и брендинг, стратешки менаџмент, продажба, извоз, личен развој, лидерство и сл.). По завршувањето на работилниците секоја група ќе го презентира својот проект пред претставницита на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг и наставниот кадар на МИТ Универзитетот.
Придобивки за студентите
• практична примена на теоретските концепти од различни области во пракса;
• работење на реални проекти;
• тимска работа;
• можност за реализирање на конкретна проектна идеја која ќе ја предложат студентите и нивно инволвирање во имплементација на истата;
• прифаќање на изработените проекти како семинарски работи по соодветните предмети на секој од факултетите;
• сертификат за посета на работилниците.

Со почит,
МИТ Центар за квалитет и развој на кариера