Новости и Соопштенија

Информација за Гостинско предавање - Психолошка работилница

 
 
Слика од Admin User
Информација за Гостинско предавање - Психолошка работилница
од Admin User - понеделник, март 9 2015, 2:15
 
Почитувани,

Во петок, 13.03.2015 година во периодот од 12:30 до 14:30 часот, во предавална Г на МИТ Универзитет, ќе се одржи Психолошка работилница „Близок контакт со Гешталт психотерапијата“.
Цел на работилницата е презентирање на основните принципи и методи врз кои се темели Гешталт психотерапијата низ теориски и искуствен дел. Работилницата ќе ја одржат Европски сертифицирани Гешталт психотерапевти од ИНСТИТУТ СИНЕРГИЈА: Ана Попризова (психолог, Гешталт терапевт, тренер и супервизор) и Каролина Костадиноска (клинички психолог, Гешталт терапевт, тренер и супервизор).
Поканети се сите студенти на МИТ Универзитет, со претходна регистрација (заради технички причини) на меилот toni.naunovski@mit.edu.mk, додека за студентите на Факултетот за Психологија од сите семестри присуството е задолжително.

Со почит,
МИТ Факултет за психологија